Македонската кикбокс репрезентација предводена од првиот човек на КМФМ, Дејан Митровски – Урко, освои најголем број медали на Балканското првенство кое се одржа во Краљево, Србија.
Македонија беше меѓу седумте земји учеснички во дисциплините К1, Лоу кик и Кик лајт. Во конкуренција на 212 натпреварувачи, Македонија заврши со вкупно 61 освоен медал, најмногу во конкуренција на Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија, Бугарија и Романија.