Михајловски за „Спортмедиа“: Шокиран сум од ЕХФ, ќе се борам за Вардар до крај

6600

По информацијата дека ЕХФ донела одлука за исклучување на нашиот ракометен шампион Вардар 1961 од следната сезона во Лигата на шампионите, „СПОРТМЕДИА“ го контактираше првиот човек на кллубот, Михајло Михајловски, кој потврди дека ваква одлука била донесена на состанок во петокот.

„Во петокот донеле одлука за суспензија, за која искрено се шокирав кога дознав. Во саботата имав состанок со Видерер кој траеше 70-тина минути, на кој разговаравме за истата. Ние имавме рок до 15 мај да уплатиме 500.000 евра, кои ги уплативме на 31 мај. 300.000 евра од депозитот кој остана во ЕХФ се уште не ни е вратен. Го прашав Видерер како ќе имаме меѓусебна доверба, кога и тие не ги исполнуваат своите обврски. Ние ги чекаме тие пари кои се заглавени кај нив. Тоа е сума со која ќе ги подмириме сите останатите долгови. Плус, не се исплатени ниту средствата од учеството на Вардар во ЛШ минатата сезона. Најавите за долгови кон играчи не се потврдени со судска постапка, така што таа нивна одлука е на стаклени нозе. Уште утре ќе се жалиме на записникот од комисијата, а подготвен сум и да испратам тужба до судот во Виена. Оваа одлука не е добра за никого. Мора да се најде некој компромис. Јас понудив и банкарска гаранција која тие ја одбија. Најавив дека имаме спонзори за следната сезона, 4 нови интернационалци, ако не исфрлат ќе останеме само со домашно првенство. Но, не се откажувам, ќе се борам до крај“, ни изјави претседателот на нашиот шампион.

Како и што беше најавено, до крајот на неделата се чека и официјалниот став на ЕХФ, а Михајловски најави дека до петок ќе свика прес-конференција во Скопје на која и подетално ќе ја објасни целата ситуација.

ПретходноРамос во Дубаи за два стека платил 1.000 евра!
СледноЗидан по 16 години од “епизодата“ со Матераци: Само еден човек можеше да ме спречи… (ВИДЕО)