Првото засилување на Милан е фудбалер на Корк сити

412

Милан ја освои шампионската титула во Италија по пауза од 11 години, а сега работи на засилувањата за наредната сезона. Едно од нив е неочекувано, а се работи за младинскиот ирски репрезентативец Катал Хефернан.
„Росонерите“ ги договорија Дивок Ориги и Ренато Санчез но нивното официјализирање е на чекање поради промената на сопственоста, па се чека на нивен потпис на договор и официјална промоција.
А додека тие се на чекање, Милан го ангажираше првото засилување кое доаѓа од ирскиот клуб Корк Сити. Неговото име е Катал Хефернан.
Тој има 17 години игра како дефанзивец, беше на позајмица во Милан, но се врати во Ирска. Меѓутоа, „росонерите“ денес одлучија да го откупат неговиот договор и тој да остане на „Сан Сиро“.
Се уште не е познато колку „росонерите“ платија за услугите на младиот Ирец.

ПретходноКајри ќе се пресели од Бруклин во Њујорк?
Следно„Исфрлија“ играч од полската репрезентација поради Русија