Челниците на ФК Пелистер наголемо го одработуваат летниот преоден рок.Намерата е јасна, треба да се создаде тим кој во следната сезона во ВМФЛ ќе атакува кон првите места кои водат во елитата. Токму затоа се и силните засилување кои клубот овие денови ги ангажира.
Па така од денеска Пелистер е посилен за играчот за врска Бурхан Мустафов, кој потекнува од школата на клубот, а доаѓа од тимот на Ренова. Претходно Мустафов играше и за Силекс, Струга ТЛ, Победа, а дел од својата досегашна кариера играше и за Теута (Албанија).
Мустафов во Пелистер ќе биде големо засилување.