ДОГОВОРЕНО: Лукаку се враќа во Интер на позајмица за 10 милиони евра

166

Ромелу Лукаку и официјално се враќа во Интер. Според италијанските новинари, „дилот“ меѓу Челзи и Интер е потврден, само останува фудбалерот да допатува во Милано на лекарски прегледи.

Италијанскиот клуб го изнајмува 29-годишниот напаѓач на една сезона, а договорот не вклучува опција за откуп. Клубовите веќе ги договориле речиси сите детали од зделката. Интер ќе плати 10 милиони евра за позајмицата на Белгиецот, а обезбедени се и исплата на бонуси.

Лукаку играше за Интер од 2019 до 2021 година. Тој минатото лето беше продаден на Челзи за 115 милиони евра.

ПретходноПораз од Црна Гора во првиот тест-меч во Подгорица
СледноБерлускони донесе прво екстра-засилување за Монца