Албанскиот фудбалски прволигаш Партизани од Тирана денеска престави уште едно ново македонско засилување. Како што потврдија на социјалните мрежи, првите луѓе на Партизани денеска го формализира договорот со Давид Атанаскоски.
Левиот бек доаѓа во Албанија од Македонија ЃП каде се врати на почетокот на оваа година од екипата на Шахтјор Караганди од Казахстан. 25-годишниот фудбалер потпишал едногодишен договор со Партизани со опција за продолжување за уште една сезона.