Ангелче Тимовски за уште појак Шкупи

1377

Актуелниот ПМФЛ шампион, тимот на Шкупи, не престанува да се засилува ова лето. Откако доведе неколку новитети во средниот ред и во нападот, дојде на ред и дефанзивата.

Новитет на деснака бековска позиција е досегашниот член на тимот на Шкендија, Ангелче Тимовски. Екс македонскиот младински репрезентативец доаѓа на Чаир како конкуренција за досега неприкосновениот на оваа позиција Владица Брдаровски, со што тренерот Гоце Седлоски ќе има две екстра опции за на таа страна од теренот.

Шкупи во моментов е на подготовки во Турција, а на 5. јули во Скопје го игра првиот дуел од прелиминарното коло од квалификациите за Лигата на Шампионите против тимот на Линколн, шампионот на Гибралтар. Тимовски ќе му се приклучи на тимот во Истанбул во текот на утрешниот ден.

 

 

ПретходноЕден од најдобрите турски голгетери потпиша договор на пет години со Фортуна
СледноУништена култната Палата на спортовите на повеќекратниот украински шампион