Новиот италијански прволигаш Монца го обезбеди првото летно засилување. Андреа Ранокија досегашниот фудбалер на Интер пристигнува да ја засили одбраната на Монца, откако веќе го заврши договорот со „нераоѕурите“ и ќе се пресели во тимот на Берлускони како слободен фудбалер веќе на 1 јули.
Искусниот дефанзивец, кој го напушта Интер по 223 настапи во сите натпреварувања, потпиша договор со Монца до 30 јуни 2024 година.