Вложија 85 милиони во стадион кој има мана што не може да се реши

22681

Ер Албанија во Тирана е најмодерниот стадион на Балканот, а тоа го потврдува и фактот што таму се играше првото финале од Конференциската лига. Иако е модерен и функционален, сепак истиот има голема мана, тревата тешко се опоравува.

Имено, бидејќи еден дел од теренот е постојано во сенка, приливот на светлина е многу мал, па затоа е потребно теренот да се обновува по секој натпревар.

Од тие причини дури три албански клуба своите европски натпревари ќе ги играат на истиот стадион, поточно на Елбасан Арена.

Од фудбалскиот сојуз на Албанија не стигна објаснување, но од Партизани изјавија дека причината поради која не може да се игра на стадионот на Ер Албанија е тоа што летово ќе се пресадува трева.

Инаку, Албанците во последните 10 години вложија повеќе од 120 милиони во модернизацијата на стадионот, а изградени се четири нови и модерни стадиони.
ПретходноЛегендарниот Британец тврди: Новак е лут!
СледноТри клуба застанаа во редот за Кристијано Роналдо!