Едисон Кавани на „слатки“ маки

520

Едисон Кавани е слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед.

„Ел Матадор“ пишува дека разврската за следната сезона ја чека во својата родна земја, мирно ќе ги анализира понуди и ќе донесе конечна одлука.

„Имаме две до три понуди од Европла, но и од Аргентина и Бразил. Пред се сака да уживам во својот одмор, а потоа ќе направам анализа. Уште немам донесено одлука“, изјави Кавани.

Шпански АС на почестокот на јуни пиша дека Кавани е во преговори со Атлетико Мадрид, Виљареал и Севиља. Исто така пред месец дена беше поврзуван со Реал Мадрид, но според последните информации овој трансфер најверојатно нема да се случи.

Како опција за него е Бока Јуниорс и Ботафого.

ПретходноСензација од Мадрид, Реал во „лов“ на босанскиот голгетер
СледноДибиров направи фото со ѕвездата на Манчестер Сити (ФОТО)