Карлос Тевез стана тренер на аргентински тим

102

Поранешниот аргентински напаѓач Карлос Тевез е именуван за нов тренер на Росарио Централ, објави аргентинскиот клуб. Договорот е на 12 месеци.
Тевез се уште ги нема завршено неопходните тренерски курсови, па така нема да биде впишан како тренер во официјалните протоколи иако тој ќе ги тренира фудбалерите на овој тим.
Инаку последен клуб на Тевез беше Бока Јуниорс, а пред тоа играше за Јувентус, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Вест Хем и Коринтијанс.

ПретходноВан Бисака и Вилијамс следни заминуваат од Олд Трафорд
СледноМакедонски навивач го натера Лапорта да се фотографира со сонцето од Кутлеш