На СП забранет секс на невенчани, казни и до седум години затвор

132

Претстојното Светско првенство во Катар ќе биде необично како за фудбалерите, така и за навивачите затоа што ќе се игра во зима поради екстремна жештина, а постојат и низа правила кои мора да се почитуваат. Едно од правилата е и забранет секс надвор од брачната заедница и секс за една ноќ, а оние кои ќе го прекршат тоа правило можат да добијат и до седум години затвор.
ФИФА предупреди дека правилникот се однесува на сите навивачи без разлика од која држава доаѓаат.
„Сексот е забранет освен ако сте во брак. Таму сигурно нема секс за една ноќ. Нема ни забави. Сите мора да мислат на себе и да бидат пристојни ако не сакаат да завршат во затвор“, пренесува Дејли стар.
Инаку може да бидете уапсени и за разменување на нежност во јавност, а строго е забранета хомосексуалноста.

ПретходноМакедонски навивач го натера Лапорта да се фотографира со сонцето од Кутлеш
СледноПознати се ракометарите кои ќе настапат на Медитеранските игри