Екипата на Академија Пандев ја забележа првата победа на пријателските натпревари. Совладана е бугарската екипа Черно Море од Варна со 2:1 во меч кој се одигра во Банско. Стрелци на головите за струмичкиот тим беа Шаркоски и Велиновски во првото полувреме. Во финишот на мечот Бугарите преку Бенча го намалија резултатот.
Ова е добар одговор на „Пандевци“ по оној катастрофален пораз од косовскиот шампион Балкани со 6:1 во Охрид.
Следен противник им е Левски, а тој меч е закажан на 25 јуни во Софија, а четири дена подоцна ќе играат со ЦСКА 1948 во Банско по што експедицијата се враќа назад на финални подготовки пред европскиот предизвик – полската Лехија.