Прво го израмни рекордот на Фелпс, па денеска постави нов светски рекорд

456

Унгарецот Кристоф Милак постави нов светски рекорд на трката на 200 метри пеперутка во машка конкуренција на светското првенство во пливање.

22-годишниот Милак исплива со време од 1:50,34 минути за да го собори за 39 стотинки претходниот рекорд што го постави на 24 јули 2019 година во Гвангжу, Јужна Кореја.

Милак финишираше пред францускиот пливач Леон Маршанд и Јапонецот Томору Хонда. Ова беше прв медал за Унгарија на ова првенство, а Милак е првиот пливач што победил на 200 м. пеперутка со нов светски рекорд и тоа пред домашна публика.

ПретходноЦрвена Звезда избоја два милиони евра за репрезентативец на Гана
СледноУжасно скапиот голман на Челзи на пат да се пресели во француската Лига 1?!