Дејан Манасков ја заврши својата авантура во Веспрем. Македонскиот репрезентативец после пет години минати во дресот на унгарскиот тим одлучи да ја смени средината. Засега не е познато каде ќе продолжи.
Манасков го немаше крајот од соништата, Веспрем не ја освои титулата во домашниот шампионат, ниту пак во Келн успеа да дојде до медал.
На свечена церемонија пред илјадници фанови, Веспрем им се заблагодари на Манасков и ракометарите кои ќе си одат меѓу кои е Хорхе Македа.
View this post on Instagram