Екипата на Шкендија одигра нерешено против босанскиот прволигаш Зрињски од Мостар во третиот подготвителен натпревар во Словенија.
По ремито со Ференцварош 1:1, па победата над Марибор со 1:0, денеска Шкендија одигра 3:3 против Зрињски.
Мостарскиот тим три пати водеше, а тетовци три пати го стигнуваа резултатот. На крајот реми на обострано задоволство.
Инаку стартот на натпреварот доцнеше поради невреме во Словенија, сепак, двете екипи излегоа да одиграат. Зрињски поведе во 8. минута со голот на Куже, а Шкендија изедначи преку Буба Хасани во 42 минута.
На стартот на вториот дел Зрињски одново поведе со гол на Коменар од пенал, а две минути подоцна „црвено-црните“ изедначија благодарение на автоголот на Мијатовиќ.
Во 54 минута, Мурати со автогол му донесе на Зрињски предност од 3:2, за четири минути подоцна Садриу да ги постави конечните 3:3.