РФМ во обид да го спаси Вардар1961, испрати писмо до ЕХФ!

1037

Вардар 1961 би можел да го изгуби местото во Лигата на шампионите следната сезона. Причините веќе не се ништо ново, старите долгови го кочат македонскиот првак да продолжи да биде дел од „елитата“. Овој пат раководството на клубот го надмина рокот за подмирување на долговите, наместо на 15. јуни, парите се исплатени на крајот на месецот.

Остануваат да се средат уште дел од финансиските проблеми кон претходните членови за да патот биде чист. ЕХФ засега не го прифаќа овој начин на функционирање, со оглед на тоа дека Вардар 1961 доби опоемна и минатата година, дури не ја прифати ниту банкарската гаранција од страна на првиот човек Михајло Михајловски, кој вчера за СПОРМЕДИА говореше за овој проблем.

Со писмо во ЕХФ се обрати и РФМ. Иако овој проблем не е во рацете на нашата „куќа на ракометот“, сепак генералниот секретар Филип Милошевски испрати писмо до ЕХФ, во кое ги замолува челниците да одговорат позитивно на жалбата на Вардар и да му дозволат да се натпреварува во Лигата на шампиони и следната сезона.

„Клубот е број еден бренд не само во Македонија, туку и на Балканот. Има голем број на фанови и голем удел во афирамцијата на македонскиот ракомет. Освои две титули во Лигата на шампиони. Се плашиме дека евентуалната одлука за исклучување на Вардар 1961 ќе има влијание на целиот ракомет, не само во Македонија, туку и во регионот. 

Токму затоа ве замолуваме да го земете во предвид сето ова пред да ја донесете конечната одлука“, се вели во дел од писмото на РФМ до ЕХФ. 

ПретходноНовиот член на Ла Лига ќе плати 6 милиони евра за Енис Барди!
СледноОхриѓани не застануваат, потпишаа нов интернационалец!