Садио Мане пристигна во Минхен на лекарски прегледи

166

Досегашната звезда на тимот на Ливерпул, Садио Мане пристигна денеска во Минхен каде што во текот на денот ќе изврши лекарски прегледи, а потоа и ќе потпише мултимилионски договор со тимот на Баерн.

По малку изненадувачкиот трансфер на Мане во Баерн очигледно дека се случува, иако многумина сметаа дека тој е незаменлив во тимот на Ливерпул и дека и тој и Мохамед Салах никогаш нема да си заминал од Енфилд.

Сепак, фудбалот е непредвидлив и тоа очигледно нема да биде така, и Мане во следните сезони ќе се обиде не со Ливерпул, туку со Баерн да освои еден куп трофеји, на чело со Лигата на Шампионите.

 

ПретходноСудии од Австрија на мечот Шкупи – Линколн
СледноТодоровски на „радарот“ на Австрија Виена