Откако веќе е објавено дека таборот на Скопје го напуштаат неколку стандардни фудбалери од изминатата сезона, од Автокоманда доаѓа информацијата дека и Иво Јанакиевски следната година ќе игра за друг клуб.
Искусниот офанзивец заминува од Автокоманда и пред себе има неколку опции како за домашниот шампионат, но и за заминување во странство.
Тој е дете на Македонија ЃП, а настапуваше уште и за Силекс, Тетекс,Металург, Тиквеш….