Тодоровски на „радарот“ на Австрија Виена

1126

Капитенот на македонската репрезентација до 21. година и стандардниот член на тимот на Работнички, Димитар Тодоровски е мета гигантот Австрија Виена.

Спортмедиа дознава дека клубот од Виена веќе извесно време е редовен посетител на мечевите од нашиот национален У21 тим, каде што Тодоровски настапува и ги следи неговите игри.

Австрија Виена е од друга страна екипа која знае и тоа како да исфорсира млад но пред се перспективен играч па потоа добро да наплати со негова понатамошна продажба.

Тодоровски е дете на Работнички, од неговата 16. годишна возраст е дел од првиот тим на „Романтичарите“ и е уште еден од плејадата млади играчи кои од овој клуб заминуваат некаде во странство.

 

ПретходноСадио Мане пристигна во Минхен на лекарски прегледи
СледноЛацио се пофали со Маркос Антонио