Три клуба застанаа во редот за Кристијано Роналдо!

2570

Кристијано Роналдо не му недостигаат опции за продолжување на кариерата. Само година дена по кам-бекот во Манчестер Јунајтед, три тима се заинтерсирани за неговите услуги.

Прв од нив е Спортинг, тимот кој го лансираше на голената сцена. Неговата мајка е голем фан на овој клуб, па таа навива тој да се врати во „бело-зелениот“ дрес. Роналдо во Спортинг би играл во Лигата на шампиони.

Втората опција е Баерн, но интересот на германскиот првак е ограничен, чека да види како ќе заврши сапуницата со Роберт Левандовски, кој очјанички сака да ја напушти Бундес-лигата.

Третата опција е Рома. Според италијанските медиуми Жозе Мурињо го сака во своите редови, сака  одново да соработуваат заедно како во времето во Реал Мадрид.

На крајот останува да видиме како ќе заврши сето ова, и дали навистина Португалецот кој е на одморот со своето семејство ќе ги напушти „црвените ѓаволи“.

ПретходноВложија 85 милиони во стадион кој има мана што не може да се реши
СледноНовиот член на Ла Лига ќе плати 6 милиони евра за Енис Барди!