Француските медиуми вечерва објавија дека Ница влегува во преговори со голманот на Челзи, Кепа Аризабалага. Францускиот тим се надева дека ќе може да го донесе Шпанецот на позајмица, како замена на Валтер Бенитез кој потпиша за ПСВ Ајндховен.
Баскецот го загуби стартното место во тимот од Премиер лигата и е свесен дека му треба повеќе време за игра за да има шанса да се врати во шпанската репрезентација за Светското првенство.
Засега останува да се види дали самиот Кепа е заинтересиран за преселба во Лига 1.