Уништена култната Палата на спортовите на повеќекратниот украински шампион

188

Инвазијата на Русија врз Украина предизвика големи оштетувања во украинските градови, а не се поштедени ни културните ни спортските знаменитости. Потполно е уништен еден од симболите на украинскиот спорт, култната Палата на спортовите во Мариупол.
Оваа сала е дом на еден од најтрофејните кошаркарски тимови во Украина, екипата на Азомваш, која седум пати била шампион, а играла и финале на Еврокупот. Во оваа сала играше и кошаркарската украинска репрезентација, потоа репрезентациите во ракомет и одбојка.
Кровот на салата е потполно уништен, како и дел од паркетот и трибините. Освен салата, уништен е и стадионот на ФК Мариупол, како и атлетските и тениските терени во овој град.

ПретходноАнгелче Тимовски за уште појак Шкупи
СледноСтруга и Кочоски со нова двегодишна соработка