Со оглед на фактот дека Барселона одлучи да прави сериозни реконструкција на нејзиниот веќе дотрајан стадион Камп Ноу, одлучено е, а и денеска споделено со јавноста дека клубот претстојната 2023/24 сезона ќе ја одигра на легендарниот Олимписки стадион во Барселона попознат како „Монжуик“.
Делегација на клубот во текот на денешниот ден направи и официјална посета на овој објект и потврди дека истиот ќе биде нивен привремен дом се додека Камп Ноу се реновира.
Овој стадион беше домаќин на Олимписките игри во Барселона во 1992 година, а потоа и гратскиот ривал на Барселона, тимот на Еспањол играше таму се додека не изгради сопствен фудбалски стадион.