Бугарија доминатна во пресметките со Македонија У14

213

Во вториот круг од натпреварите на турнирот во Турција, двете наши селекции запишаа порази во дуелите со селекциите на источниот сосед

Во првиот меч, женска конкуренција Бугарија беше апсолутно подобар противник од нашата млада селекција на кошаркарки „Под 14“ години, славеа со убедливи (98:25).

Уште во првата четвртина Бугарките направија висока разлика (25:9), која до полувремето ја зголемија на (43:16).

Во продолжението на играта не се поставуваше прашањето кој ќе биде победникот, Бугарија ја оправда фаворитската улога.

Втор пораз на турнирот во Едирне запиша и машката селекција „Под 14“ години. Подобри од нашите млади кошаркари беше иднината на Бугарија, која стигнаа до убедлива победа (120:57).

Жарко Терзиевски со 14, и Ѓорѓи Цветковски со 11 поени, беа единствените кошаркари кои ја надминаа двоцифрената поентерска бариера во нашата селекција а овој натпревар

Денеска, од 11. часот, нашата женска репрезентација ќе ги одмери силите со онаа на Косово. А два часа подоцна во Едирне е предвидено и одигрувањето на средбата Македонија-Косово во машка конкуренција.

ПретходноПред илјадници фанови Веспрем му се заблагодари на Манасков
СледноМакедонија конкурент во десет спортови на медитеранските игри