Еден од најдобрите турски голгетери потпиша договор на пет години со Фортуна

719

Фортуна Ситард го реализира трансферот на еден од најдобрите турски стрелци Бурак Јилмаз кој дојде од француски Лил. Јилмаз ставил потпис на петгодишен договор и тоа две години како играч, а три како тренер.
Ова е чуден избор на Јилмаз кој имал и поатрактивни понуди, но веројатно тоа што после играчката кариера веднаш ќе започне и тренерска е паметен потег. Фортуна минатата сезона заврши на 15-тото место со поен повеќе од опасната зона.

Јилмаз е втор најдобар стрелец во турската репрезентација со 31 гол (зад Хакан Шукур), а иако има 37 години тој одлучи да продолжи да игра. За него ова е прв пат да игра во Холандија, а Фортуна му е 10-ти различен клуб во кариерата.
Почна во Анталијаспор, потоа играше за Бешикташ, Манисаспор, Фенербахче, Ескишехир, Трабзон, Галатасарај, кинески Пекинг Гуан, од 2020 до сега играше за Лил освојувајќи ја титулата во Франција во 2021 година.

ПретходноПријателски меч: Зрињски три пати водеше, Шкендија три пати стигнуваше
СледноАнгелче Тимовски за уште појак Шкупи