Легендарниот Британец тврди: Новак е лут!

1065

Легендарниот британски тенисер Грег Руседски смета дека најголеми ривали на Новак Ѓоковиќ во одбраната на трофејот на Вимблдон ќе му бидат Шпанецот Рафаел Надал и Италијанецот Матео Беретини.

Поранешниот четврти рекет во светот е убеден дека српскиот тенисер во Лондон ќе дојде крајно мотивиран и решен да ја освои 21. Гренд слем титула во кариерата.

„Ѓоковиќ е лут затоа што не го освои Гренд слем годинава, а тој пораз го доживеа и од Надал на Ролан Гарос. Рафа се обидува да стигне до календарскиот слем. Нема да се појави ако стопалото не му е 100% фит и не е подготвен. Беретини е подготвен да оди далеку“, рече Руседски.

Ѓоковиќ во шест наврати го освои турнирот во Лондон, последен пат во 2021 година, кога во финалето го победи Италијанецот Матео Беретини.

Турнирот Вимблдон започнува на 26 јуни и ќе трае до 10 јули.

ПретходноТен Хаг прави мал „Ајакс“ во Манчестер Јунајтед
СледноВложија 85 милиони во стадион кој има мана што не може да се реши