Македонија конкурент во десет спортови на медитеранските игри

187

Македонската делегација годинава на Медитеранските игри во Оран, Алжир од 25 јуни до 5 јули ќе се претстави во десет спортови. Со оглед на фактот што на минатите Медитерански игри во Тарагона, Шпанија освоивме шест медали, овојпат нашата цел е да ја надминеме таа бројка.

„Ова се натпреварувања на кои голем број наши спортисти имаат шанса да ги измерат силите со други натпреварувачи од големи држави. Во нормални услови тие би немале таква можност. Затоа Медитеранските игри за нас Македонија е многу важно натпреварување, изјави Владимир Богоевски, спортскиот директор на Олимпискиот комитет на Македонија.

Секако наш најголем адут на овие игри е претставникот во таекводно, Дејан Ѓоргиевски освојуачот на сребрен медал на последните Олимписки игри.

Македонската делегација ќе брои 114 лица, од кои 77 спортисти кои ќе се претстават во десет спорта: ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување.

 

 

ПретходноБугарија доминатна во пресметките со Македонија У14
СледноМакедонските тенисери ќе се натпреваруваат на Дејвис Куп турнир во Црна Гора