Една од најголемите тениски ѕвезди во историјата на женскиот тенис, Серена Вилијамс се врати на тениските терени по принудна пауза од 357 дена. Таа вечерва го одигра воведниот меч во двојки на ВТА турнирот на трева во Истбурн, Англија, заедно со Тунижанката Жабер против Мари Бузкова од Чешка и Сара Сорибес Тормо (Шпанија).
23-кратната Грен слем шампионка Вилијамс ќе се натпреварува и на Вимблдон следната недела откако обезбеди вајлд-карта. Таа токму таму го одигра својот последен натпревар скоро пред една година на 29 јули 2021 година во првото коло против Саснович од Белорусија.
WELCOME BACK @serenawilliams ⚡️ pic.twitter.com/iQwv48bF2i
— wta (@WTA) June 21, 2022