Досегашната звезда на тимот на Ливерпул, Садио Мане пристигна денеска во Минхен каде што во текот на денот ќе изврши лекарски прегледи, а потоа и ќе потпише мултимилионски договор со тимот на Баерн.
По малку изненадувачкиот трансфер на Мане во Баерн очигледно дека се случува, иако многумина сметаа дека тој е незаменлив во тимот на Ливерпул и дека и тој и Мохамед Салах никогаш нема да си заминал од Енфилд.
Сепак, фудбалот е непредвидлив и тоа очигледно нема да биде така, и Мане во следните сезони ќе се обиде не со Ливерпул, туку со Баерн да освои еден куп трофеји, на чело со Лигата на Шампионите.