Судии од Австрија на мечот Шкупи – Линколн

147

Македонскиот шампион, тимот на Шкупи, на 5. јули ги стартува мечевите од квалификациите за Лигата на Шампионите ова лето. Во Скопје, на Арената Тодор Проески со почеток од 20:45 гостува шампионот на Гибралтар, тимот на Линколн.

Во моментов Шкупи е на подготовки во Турција, а во меѓувреме од УЕФА пристигна информацијата околу судиската тројка која што ќе го води овој дуел.

Истата доаѓа од Австрија предводена од Себастиан Гишамер, а негови помошници ќе бидат Роланд Риедел, односно Маркус Реихолф.

 

ПретходноМакедонските тенисери ќе се натпреваруваат на Дејвис Куп турнир во Црна Гора 
СледноСадио Мане пристигна во Минхен на лекарски прегледи