На Ерик тен Хаг му претстои голема работа во Манчестер Јунајтед, да го врати клубот во Лигата на шампионите следната сезона.
За тоа ќе бидат потребни неколку засилувања на различни позиции, а доколку е вистина информацијата на „Дејли Мејл“, не чекаат сосема нови „црвени ѓаволи“.
Островскиот весник пишува дека Холанѓанецот сака да доведе пет фудбалери или барем дел од нив – Френки Де Јонг, Јуриен Тимбер, Ентони, Кристијан Ериксен и некој кој ќе биде замена за Давид Де Хеа.
Интересно, секој од горенаведените четворица фудбалери имаат поврзаност со Ајакс, поранешните играчи Де Јонг и Ериксен, но и сегашни играчи Тимбер и Антонио.
Нивното доаѓање би му олеснило на Тен Хејг да ги спроведе сопствените идеи во соблекувална каде што има проблеми.
Ентони и Тимбер се играчи кои минатата сезона добија афирмација од холандскиот стручњак, но интерес за нив покажаа и други европски клубови.