И официјално, од денеска Влатко Стојановски е ново име во Шкендија. Попладнево тетовци се пофалија со него, го промовираа а покрај другото истакнаа дека успеале да ангажираат одличен напаѓач, некогашен прв стрелец во ПМФЛ. Договорот е со важност од две години.
Ина да потсетиме дека Влатко е повремен репрезентативец на Македонија а дојде во Тетово од Горица.
На промоцијата новиот напаѓач на Шкендија покрај другото истакна…
“Мислам дека ова е вистински момент да дојдам во клуб каков што е Шкендија. Клуб кој секогаш има големи амбиции, како во ПМФЛ така и во Европа. Дојдов тука заедно со моите соиграчи да освојуваме титули“ посочи новиот напаѓач на тетовци.