Ивановски ја донесе првата победа на Македонија во Дејвис купот

79

Македонската тениска репрезентација поведе со 1-0 против Луксембург во групата 3 од Дејвис купот, откако Калин Ивановски го совлада Крис Родеш со 2-1 во сетови (7-6, 6-7, 6-4).
Во првиот сет Ивановски не беше во ритам затоа што губеше со 0-3, но успеа да се врати во игра и во тај-брејкот го совлада ривалот со 7-2. Во вториот сет противникот беше подобар, Ивановски успеа да стигне до тај-брејкот но противникот беше поуспешен.
Во решавачкиот сет Ивановски губеше со 2-4, но младиот македонски тенисер со два брејка во продолжение направи пресврт за 6-4 и конечна победа.
Во вториот меч кој е во тек, Горазд Србјак игра против Кнаф.

ПретходноДортмунд купи замена за Халанд за 35 милиони евра
СледноГолемо засилување на „Максимир“