Рајковиќ: Стекнав доволно искуство за да водам голем клуб како ЦСКА

205

Емил Рајковиќ денеска е промовиран за нов тренер на ЦСКА Москва. На специјална прес-конференција, македонскиот стратег ги кажа првите импресии за клубот, за тимот со кој располага и начинот на кој очекува неговиот тим да игра.

Да се биде тренер на ЦСКА Москва е голема чест, но и одговорност. Би рекол дека за мене е и награда за сè што сум постигнал досега. На фановите сакам да им порачам дека сум среќен што пристигнав тука, а иако нема да играме во Евролигата, сепак очекувам возбудувања во ВТБ-лигата.
Главна цел ќе ни биде агресивна одбрана, но и брзи напади. Мислам дека ќе биде интересно за навивачите, но и корисно за клубот. Мој сон во тренерската кариера беше да работам во клуб на нивото на ЦСКА. Затоа кога стигна понудата од ЦСКА, не размислував многу. Мислам дека за шеснаесет години, колку што сум тренер го стекнав потребното искуство и тоа ќе ми помогне во работата во новата сезона.
Сега, кога таа цел е остварена, не е само да поминам одовде, туку да останам колку е можно повеќе, да постигнеме заеднички успеси и да имаме добра атмосфера во тимот“, изјави Емил Рајковиќ.

ЦСКА ја загуби титулата од Зенит, а во новата сезона ќе мора да се потруди и да ја врати во своите редови.

ПретходноДенеска се играат баражите: Вардар (Н) – Караорман, Арсими – Овче Поле…победниците одат во ВМФЛ!
СледноВалтер: Ќе работиме напорно за да го вртиме Пелистер каде што му е местото