Данскиот стратег Ларс Валтер е новиот тренер на Еурофарм Пелистер. Вицешампионот на Македонија сака во новата сезона да ја освои титулата, па затоа го донесе во своите редови искусниот дански тренер кој работеше во бројни клубови во Европа.
„ Ова е уште еден нов предизвик. Многу сум горд што сум дел од овој историски клуб. Сега сите мора да работиме напорно за да го вратиме Еурофарм Пелистер каде што му е местото. Едвај чекам да се сретнам со неверојатните навивачи, играчите и стручниот штаб. Се гледаме сите во Битола“, изјави Валтер.