Хрватскиот шампион Динамо Загреб се пофали и со третото засилување на екипата за новата сезона. По Јосип Дрмиќ и Роберт Љубичиќ, нов играч на „модрите“ е младинскиот хрватски репрезентативец Бошко Шутало.
Хрватите го нарекоа големо засилување за Динамо затоа што претходно играше во италијанската Серија А.
22-годишниот стопер доаѓа од редовите на Аталанта, а минатата сезона ја помина на позајмица во Верона каде што беше стандарден. Сега се враќа во Хрватска и потпиша петгодишен договор со Динамо.
Првично Шутало требало да дојде на позајмица со опција за откуп на договорот, но Динамо успеал да ја убеди Аталанта да ја спушти цената од четири милиони на три милиони евра.
Пред да отиде во Аталанта, Шутало играл за Осијек.