Дортмунд купи замена за Халанд за 35 милиони евра

208

Борусија Дортмунд ќе има нов напаѓач, а тоа е Себастијан Але кој доаѓа од редовите на Ајакс, пренесуваат германски и холандски медиуми. Договор е постигнат, се очекува фудбалерот да пристигне во Германија на лекарски прегледи и на потпис.
Неофицијално, Дортмунд за услугите на Але ќе плати 35 милиони евра, додека на фудбалерот ќе му дава 8 милиони евра годишна плата. Договорот ќе биде на пет години.
Але е роден во Франција, но е репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска. ТОј ја почна кариерата во Оксер, играл за Утрехт, па две сезони во Ајнтрахт Франкфурт, потоа кратко и во Вест Хем и од таму за 22 милиони евра прави трансфер во Ајакс.
„Милионерите“ активно работат на засилување на екипата за наредната сезона. Досега се ангажирани Марсел Лотка, Никлас Зиле, Салих Озџан, Нико Шлотербек, Карим Адејеми.
Замина Ерлинг Халанд, Роман Бурки, Марвин Хиц и Штефен Тигес.

ПретходноАл Келаифи контра Тебас: Нека си се грижи за Ла Лига која е мртва
СледноИвановски ја донесе првата победа на Македонија во Дејвис купот