Од денеска и официјално екипата на Тиквеш е во “погон“. Со собирот, односно со прозивката која ја изврши шефот Влатко Костов, фудбалерите на Тиквеш ги стартуваа подготовките за наредната сезона. Сезона во која кавадарчани ќе влезат со не така мали амбиции.
Во првиот дел ќе се работи во Кавадарци, а потоа ќе се оди некаде надвор од градот. Ќе се одиграат и неколку пријателски средби, а ќе има и неколку засилувања.
Засега од Тиквеш си заминаа Љамчевски, Делов и Каракамишев.