Ливерпул продаде уште еден фудбалер: Минамино се пресели во Франција

395

Ливерпул синоќа го официјализираше и заминувањето на играчот од средниот ред Такуми Минамино. Уште еден фудбалер од годинешниот состав на Јирген Клоп го напушти „Енфилд“.

Јапонскиот играч од средниот ред се сели во Монако, кој за него ќе плати 18 милиони евра, вклучително и бонуси.

Клубовите го договорија трансферот на 27-годишниот фудбалер, а Ливерпул гарантирано ќе добие 15 милиони евра, додека дополнителни 3 милиони се предвидени како бонуси.

Минамино дојде во Ливерпул во јануари 2020 година и за „црвените“ одигра вкупно 55 натпревари и постигна 14 гола.

ПретходноЛидс Ј. ги прекинува преговорите со Арсенал за продажба на Рафиња
СледноПред денешната промоција: ЦСКА (М) со специјално видео од пристигнувањето на Рајковиќ