Нашите тенисери се поразени од Луксембург со 1:2 на дуелот од третата група во Дејвис купот. Откако Калин Ивановски донесе водство од 1:0, Горазд Србљак беше поразен со што Луксембург израмни на 1:1.
Во репшавачкиот меч во двојки, нашите Марковски и Бугариќ загубија од Кнаф и Родеш во сетови 0:2, па така со тоа Луксембург ја победи Македонија со 2:1.