Младите надежи на Симиќ од денеска се во Маврово

101

Селекторот на кошаркарската репрезентација до 18 години, Тони Симиќ на располагање има 18 кошаркари кои од денеска се селат во Маврово, каде во период од седум дена треба да ги продолжат подготовките за престојните евро-настапи. За време на престојот на Маврово, ќе го одиграме и првиот подготвителен натпревар против соодветната селекција до 20 години.

„Почнавме на 15 јуни, овие денови бевме редуцирани на тренинзите бидејќи некои од кошаркарите ги вршеа неопходните лекарски прегледи за да видиме каква е физичката и здравствената состојба кај нив. Крај на сезоната е, некои од играчите завршија порано со обврските кон своите клубови, некои неодамна и затоа сакавме да имаме јасна слика пред да одиме за Маврово каде ќе го поминеме најнапорниот дел од подготовките и кој мораме да го одработиме на највисоко можно ниво. Во однос на репрезентацијата, кошаркарите се заедно само пет дена, и засега се е според посакувањата и плановите. Се тренира максимално, играчите се свесни дека конкуренцијата е голема и даваат се од себе за да се изборат за место во конечниот список. Ме радува нивното залагање, но и тоа што од првиот ден атмосферата е одлична. Дел од кошаркарите се немаа долго време видено затоа што некои играат во странство, а и покрај тоа функционираат фантастично, како да се постојано заедно. Се надевам дека вака и ќе продолжиме и на крајот се ќе биде како што планиравме“, вели Симиќ пред заминувањето за Маврово.

ПретходноДобра или лоша вест за навивачите на Јунајтед? Тен Хаг не се откажува од Мегваер
СледноГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ: Ларс Валтер е новиот тренер на Еурофарм Пелистер!