Некогашната ѕвезда на Реал (М), Челзи и француската фудбалска репрезентација, Клод Макелеле ќе биде новиот селектор на ДР Конго.
Макелеле е роден во оваа африканската земја пред да се пресели во Франција, за која настапуваше во текот на целата своја играчка кариера. Французинот беше еден од најдобрите играчи од средниот ред во својата генерација, а сега добива шанса да почне и со селекторска работа.
Конго пред извесно време го отпушти селекторот Ектор Купер по поразите во квалификациите за Африканскиот куп на нации против Габон и Судан. Одлуката за назначувањето на Макелеле дојде бргу, но како што вели поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, ќе ужива во шансата да го води тимот на „леопардите“. Како тренер работеше во Бастија и белгискиот клуб Еупен.