Тешко дека Нејмар, големата ѕвезда на ПСЖ во следната сезона ќе биде во нападот на “светците“. Факт е дека раководството на тимот од Париз сака по секоја цена да се ослободи од Бразилецот за кого во 2017 година плати дури 222 милиони евра.
Сепак Нејмар не сака ниту да слушне за заминување, се шпекулираше дека би можел во Барса, Челзи или Јунајтед, но најново е тоа што ПСЖ го понудил Бразилецот на Јуве.
Една верзија говори дека челниците на гигантот од Торино просто се насмеале, додека втората вели дека ништо чудно Нејмар да го облече дресот на Јуве.