Николов заминува од Шериф Т., следна дестинација Турција?

1173

Македонскиот фудбалски репрезентаивец Бобан Николов го заврши престојот во молдавскиот шампион Шериф Тираспол.

Иако беше клучен играч во последната сезона, вклучително и во убавата авантура во групите од Лигата на шампионите, Николов е пред трансфер во Турција, пишуваат локалните медиуми.

Според изворот, во моментов најзаинтересирана екипа за услугите на македонскиот интернационалец е Маниса, турски второлигаш, кој во пакет со Николов се обидува да добие уште еден фудбалер на Шериф Т., напаѓачот Абдул Басит Калид.

ПретходноСтруга ТЛ го продолжи договорот на капитенот Таири
СледноНекогашната ѕвезда на Реал (М) и Челзи стана селектор на ДР Конго