Ова е наследникот на Тен Хаг на клупата на Ајакс

465

Ерик Тен Хаг замина во Манчестер Јунајтед, па холандскиот шампион Ајакс мораше да најде негов наследник. Денеска тоа го направи, официјално нов стратег на амстердамскиот гигант е Алфред Шредер кој всушност се враќа во старото јато.

Toj потпиша договор до летото 2024 година со опција за продолжување на уште една сезона.

Речиси цела тренерска кариера ја поминал како помошник на бројни искусни но и млади стручњаци, а Ајакс му е трет клуб како самостоен тренер.
Почнал како асистент во Витесе, па во Твенте како помошник на Стив Мекларен, помошник на Јулијан Нагелсман во Хофенхајм, па на Ерик Тен Хаг во Ајакс во сезоната 2018/19, па од таму една сезона работеше како самостоен тренер на Хофенхајм. Сепак, го напушти германскиот тим и отиде во Барселона како помошник на Роналд Куман. Го напушти „Ноу Камп“ во јануари 2022 година за да работи во белгискиот Клуб Бриж.

Со овој клуб стана шампион на Белгија, а сега ќе треба да го продолжи шампионскиот поход на Ајакс.

ПретходноГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ: Ларс Валтер е новиот тренер на Еурофарм Пелистер!
СледноДенеска се играат баражите: Вардар (Н) – Караорман, Арсими – Овче Поле…победниците одат во ВМФЛ!