Ракометарите тргнаа да го освојат Алжир!

457

Македонската ракометна репрезентација предводена од селекторот, Кирил Лазаров тргна за Оран, Алжир, домаќинот на Медитеранските Игри.

На ова натпреварување нашиот национален тим ќе биде составен од млади играчи, кои ќе имаат одлична шанса да се изборат за место за останатите предизвици кои следуваат.

Македонија е во група со Грција, првиот противник на Медитеранските Игри, домаќинот Алжир, Шпанија и Турција. Првата средба избраниците на Кирил Лазаров ја играат на 28 овој месец, следниот ден се среќаваат со Алжир, па следува пресметката со Шпанија (30.06) и на крајот со Турција на први јули.

СОСТАВ МАКЕДОНИЈА
Марко Кизиќ
Васил Гогов
Павле Атанасијевиќ
Петар Атанасијевиќ
Игор Ѓоргиев
Иван Џонов
Томислав Јагуриноски
Ненад Костески
Костадин Петров
Марко Митев
Михајло Младеновиќ
Мартин Серафимов
Кристијан Симоноски
Марко Стојковиќ
Михаил Ивановски
Александар Петковски

Селектор: Кирил Лазаров

ПретходноУжасно скапиот голман на Челзи на пат да се пресели во француската Лига 1?!
СледноДраган Бајиќ со дополнителен повик за дуелите со Шпанија и Украина!