Само неколку дена по завршувањето на годинешниот Ф4 турнир од ЕХФ Лигата на шампионите, ЕХФ денеска најави дека вече почна продажбата на билети за следното издание на ЕХФ Ф4 турнирот во Келн, она во 2023 година.
Според планот, следниот Ф4 во „Ланксес Арена“ во Келн ќе се одржи на 17 и 18 јуни 2023 година. Продажбата на билетите започна вчера, а билетите се поделени во пет категории: Премиум за 380 €, Категорија 1 за 325 €, Категорија 2 за 240 €, Категорија 3 за 175 € и Категорија 4 за 90 €.