Шпанската кошаркарска селекција која ќе биде нашиот нареден ривал во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година денеска го објави списокот на кошаркари кои се најдоа во изборот на селекторот Серхио Скариоло.
Во групата од 15. Кошаркари во изборот на Скариоло се најдоа:
Џонатан Бареиро (Уникаха), Феран Басас (Хувентуд), Дарио Бризуела (Уникаха), Квино Колом (АЕК), Алберто Диаз (Уникаха), Дани Диез (Сан Пабло), Жаим Фернандез (Уникаха), Фран Гуера (Тенерифе), Ксабиер Лопез-Аростеги (Валенсија), Жоел Пара (Хувентуд), Хаиме Прадиља (Валенсија), Себас Саиц (Алварк Токио), Микел Салво (Гран Канарија), Јанкуба Сима (Бакси Манреса) и Сантиаго Јуста (Сарагоса).
На подготовките на Шпанија ќе биде и Тајсон Перез од Морбанк Андора кој ќе се приклучи подоцна, соопштија од Шпанската кошаркарска федерација. Шпанија ќе ја пречека селекцијата на Македонија на 1 јули во Сарагоса.