Струга ТЛ го продолжи договорот на капитенот Таири

159

Струга продолжува со обновување на договорите со дел од играчкиот кадар кој ја заврши сезоната во македонскиот прволигаш. Како што објавија од клубот, Фљамур Таири капитенот на тимот е следниот фудбалер што ја продолжи соработката со екипата на Струга ТЛ.

Таири и раководството на клубот се договориле за продолжување на договорот на уште една година, со што играчот од средниот ред со големо искуство во нашиот домашен фудбал ќе продолжи да го носи дресот на тимот на градот во кој е роден.

Таири е дел од Струга ТЛ веќе 5 и пол години, а исто така е дел од генерацијата со која клубот го постигна најголемиот успех влегувајќи во Првата лига.

ПретходноДраган Бајиќ со дополнителен повик за дуелите со Шпанија и Украина!
СледноНиколов заминува од Шериф Т., следна дестинација Турција?